Две лица загинаа, три се тешко повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод
Две лица загинаа, а три се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 10 часот и 55 минути на регионалниот пат Прилеп - Македонски Брод, кај селото Ропотово, општина Долнени.
Според првичните информации од СВР Битола, до несреќата дошло при судир на три возила, патничко возило „лада самара“ со битолски регистарски таблички во кое биле три лица, од кои едно женско лице на возраст од 66 години починало на лице место, потоа патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички и товарно моторно возило марка „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички во кое бил само возачот. Во сообраќајката загинал и 69-годишниот маж кој го управувал мерцедесот.
Загинатата жена е Зорица В. од село Добромири, битолско, а загинатиот возач на мерцедесот е 69-годишниот Муса М. од село Лажани, Долнени.
Според обвинителството, до несреќата најверојатно дошло кога мерцедесот, кој се движел кон Прилеп, се судрил со товарното возило кое доаѓало од спротивен правец, по што ја удриле и ладата.
Патниот правец е во прекин. Возилата се пренасочуваат по споредни патишта, а во моментот се уште увид прават прилепската полиција, основен јавен обвинител, а на теренот се екипи на Противпожарната единица од Прилеп. е
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка