-->
-->
Тевдовски: Преку евроатланските интеграции и регионална соработка до одржлив економски раст и развој
-->
Клучни приоритети на Владата се унапредување на животниот стандард и приближување на државата кон Европската унија, истакна денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на меѓународната конференција за монетарна политика и управување со финансиски средства во организација на Народната банка на Република Македонија (НБРМ). - Тоа ќе го постигнеме преку дисциплинирана и транспарентна фискална политика, отворање нови продуктивни работни места, реформи во судството и владеење на правото, унапредување на социјалната правда, поддршка на странските и домашните инвеститори, инвестирање во инфраструктурата и јавните услуги, како и интензивирање на процесите поврзани со евроатланските интеграции, нагласи Тевдовски.
Како што соопшти Министерството за финансии, Тевдовски посочи дека кон крајот на 2017 година расположливите податоци укажуваат на закрепнување на економијата од последиците од политичката криза-тренд кој, како што рече, се очекува да продолжи и годинава со раст од 3,2 отсто и понатамошно интензивирање на растот на среден рок.
Според него, извозот, растот на инвестициите од јавниот и приватниот сектор, како и приватната потрошувачка ќе бидат двигатели на растот на бруто-домашниот производ.
Тевдовски потенцира дека покрај интеграциите кон ЕУ и НАТО, од исклучително значење за развој на економијата е и регионалното поврзување. Од таа причина се работи на повеќе проекти од областа на подобрување на инфраструктурните врски, олеснување на трговијата, соработка околу регулативата, како и заеднички настап на земјите од регионот на трети пазари.
На конференцијата покрај министерот за финансии Тевдовски, учествуваа и министерот за финансии на Бугарија Владислав Горанов, вицегувернерот на Централната Европска банка Карло Монтичели, директор на Европската банка за обнова и развој за Југоисточна Европа Шарлот Руе, директорот за стратешки анализи за Југоисточна Европа во Европската инвестициска банка Дебора Револтела.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
