Охридските угостители в понеделник ќе може да дадат забелешки по предлог-програмата за урбана опрема
– Претставници на општина Охрид и на угостителите од градот в понеделник ќе одржат работен состанок на кој ќе се расправа по однос предлог-одлуката за утврдување на висината на надоместокот за поставување урбана опрема во градот за тековната 2018 година.
Од локалната самоуправа истакнуваат дека интенција и заложба на новата локална власт е преку трасперентност во работењето и непосредна вклученост на засегнатите субјекти да се работи на создавање здрава основа врз која ќе се планираат понатамошните активности, сето во насока на создавање квалитетен туристички производ и во крајна линија зголемен број на гости и задоволни посетители.
Локалната власт во Охрид до Советот на општината поднесе предлог-програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општината за 2018 година, што наиде на бурни реакции од страна на охридскиот угостителски еснаф кој побара повлекување на точката од расправа во Советот поради тоа што не биле консултирани при нејзиното изготвување.
Нивните забелешки се однесуваа на предвидените нови повисоки тарифи за поставување урбана опрема на јавни површини до 60 проценти за кои сметаат дека негативно ќе се одразат врз нивното работење, но и на буџетот на општината оттаму што се предвидува и намалување на времетраењето на закупот.
Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски ја повлече од расправа односната точка, со образложение дека во јавноста се создала погрешна слика за некакво драстично поскапување на закупнината на простор за урбана опрема, нагласувајќи дека корекција е предвидена само за еден сегмент.
- Поскапувањето беше само во делот на поставување на урбана опрема и тоа само во делот на поставување на маси и столици и периодот во кој може да се постави таа урбана опрема, истакна тогаш Стојаноски.
За барањето на угостителите дека на расправата по точката во Советот треба да и претходи состанок со локалните власти на кој би го изнеле своето мислење и нивните ставови, Стојаноски рече дека тоа е сосема легитимно и коректно
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
-

Поскапуваат дизел горивата
-

Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена
-

Кумановец сакал да откупи крипто валути, останал без 43.750 евра
-

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
