Судскиот совет почна постапка за петмина судии
Почнува постапката за разрешување на петмина судии. За тројца од овие судии постапката веќе беше почната во рамките на Советот на фактите, но тој неодмана беше укинат како дел од судските реформи, па сега барањата за утврдувањ ена одговорност за овие судии одново ќе бидат разгледани од Судскиот совет. Иако нема рок до кога треба да биде изготвен извештајот по барањата, првиот човек на Судкиот совет Зоран Караџоски очекува постапката да биде брза и ефикасна. Судскиот совет од денеска и официјално почна да ги работи и претставките и поплаките за работата на судии кои досега беа надлежност на Советот за факти.
- Се работи за над 200 опретставки...едно се претставки и поплаки, дел наследени од советот на факти, друго разрешување и слично
Судскиот совет утврди дека од сите судови само Апелациониот суд во Скопје не бил доволно ажурен за последните три месеци од 2017 година и наместо да го намали бројот на заостанати предмети, тој го зголемил.
Членови на судскиот совет расправа и за начинот на кој во медиумите известуваат за неговата работа
- Јас не сум ни криминалец ни џелат на судството. Барам да се разговара за тоа како сме нарекувани во телевизиските емисии. Посебно реагирам за тоа како еден т.н. адвокат ме нарече во една емисија
Караџоски иако дозволи за ова да се раправа во Судксиот совет вели дека нема да дозволи заклулок кој би значел мешање во работата на медиумите и уредувачката политика.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
