Делави: САД ќе бидат активно вклучени во дијалогот помеѓу Белград и Приштина
САД ќе бидат активно вклучени во дијалогот меѓу Белград и Приштина, тврди американскиот амбасадор во Приштина Грег Делави во интервју за РТВ 21 и истакнува дека ЕУ ги предводи преговорите кои САД силно ќе ги поддржат.
Делави рече дека успехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина е суштински елемент во остварувањето на напредок во нивните европски амбиции. Потсетувајќи на неодамнешната изјава на специјалната претставничка на ЕУ Наталија Апостолова дека итно треба да се дојде до решение во дијалогот, тој рече дека „смета оти тоа е важно“.
- Ние всушност во изминатите години придонесовме за некои успешни елементи кои веќе произлегоа од дијалогот како што е управување со границата на север и собирање царински давачки, интеграции, правосудството на север и слично. Верувам дека имавме важна улога. Зборуваме за прашања од дијалогот со Владата на Косово овде, со Владата на Србија во Белград и со раководството на ЕУ во Брисел, посочи Делави одговарајќи на прашање дали вклучувањето на САД во процесот на Бриселскиот дијалог е само пуста желба или имало официјално барање или контакт.
На инсистирање да прецизира дали тоа значи дека не гледа промена во форматот на дијалогот како нешто изводливо или можно во наредната година, Делави вели дека смета оти форматот зависи од Европската унија како некој што го овозможува тоа.
- Ние ќе го поддржиме без оглед на форматот. Ќе учествуваме, ќе поттикнуваме компромис кој е корисен за двете земји и ќе се обидеме да оствариме напредок, прецизира Делави.
Ново на Сител
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмнесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-
Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
-
9 лица, меѓу кои и малолетник, приведени во Куманово, нелегално продавале тутун на Градскиот пазар
-
Маж се фрли од зграда во Аеродром | ФОТО
-
Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари
-
Приведен криминалец кој бил осуден на затворска казна од 11 години
-
Челси го комплетираше најскапиот трансфер во женскиот фудбал