-->
-->
Стабилизирано снабдувањето со електрична енергија во повеќе кичевски села
-->
- Околу полноќ е стабилизирано снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од кичевските села кои поради снежното невреме беа без електрично напојување.
Од ЕВН изјавија дека ангажирале двојно поголем број работници, а условите на терен биле лоши, бидејќи се планински и потешко пристапни места.
Улиците во градот каде што непрекинато работеле шест возила на ЈП Коминалец се проодни иако има тешкоти во одвивањето на собраќајот. И патните правци до околу 70 села во кичевскиот регион во голем дел се проодни во еден правец, но во некои места има таканаречени џепови за разминување на евентуално две возила.
Во Кичево висината на снежната покривка е околу 40 сантиметри додека пак во руралните средини е двојно поголема.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Нетанјаху: Иран веќе не може да збогатува ураниум и да произведува балистички ракети
