Благо покачување на водостојот на реките
Врнежите кои паднаа изминатото деноноќие предизвикаа благо покачување на водостојот на реките низ земјава.
- Иако во некои од речните сливови, река Треска и река Црна, и во текот на денешниот ден се очекуваат мали зголемувања на водостоите, не се можни излевања на реките и нема опасност од нивно поплавување, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Од утринските мерења најголеми вредности на водостоите се бележат на станиците на река Вардар кај Радуша (167), Демир Капија (162) и Јегуновце (150).
Податоците на УХМР покажуваат дека во однос на февруарскиот просек, нивото на Вардар кај Јегуновце е зголемено речиси двојно, а покачено е и кај Скопје-Зајчев Рид, Велес и Демир Капија.
Значително е зголемено во однос на просекот во февруари и нивото на Пчиња кај Катлановска бања, има покачување и на Сатеска кај Ботун, а под просекот се Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани.
Кај водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро нема значителни промени споредени со просекот за овој месец од годината.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
-
Убиен пратеник во Кенија
-
Бесент: Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за минерали
-
Сончево и топло до 28 степени
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни