Уапсен исцелител кој барал половина милион евра за спас од црна магија
Полицијата во Белград го уапси Драго Митровиќ , наречен ,,Белиот маг” , кој барал половина милион евра за спас од црна магија.
Додека траело апсењето ,пред неговата канцеларија во Белград чекале 20 луѓе за магот да ги спаси од магии. 50- годишниот исцелител е уапсен под сомнение дека со 30 годишен Никола К. сакале да изнудат половина милион евра од 57 годишен Белграќанец во манастир во Шид.
Тој и е познат на полицијата и бил осудуван за измами и изнуди.
Се почнало кога Никола отишол кај Драго за да му ја симне црната магија. Тој рекол дека ќе го излечи ако му помогне да земе половина милион евра од Белграѓанецот .
Планот го извеле воочи Нова година во манастирот кај Шид. Богатиот Белграѓанец дошол во манастирот , кога Никола го онеспособил со електрошок и под закана со пиштол барал да му исплати 500 000 евра за да не му наштети нему и на неговото семејство.
Му кажале каде точно да ги остави парите и го пуштиле . Белграѓанецот ги пријавил во полиција по што двајцата изнудувачи се уапсени.
Инаку Белиот маг и претходно, пред 11 години , бил осуден за изнуда , бидејќи на роднините им се заканувал со црна магија ако не му дадат пари.
На тој начин ,,заработил “ 300 000 евра , но потоа одлежал 5 години затвор.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата