Својата болка ја носеше достоинствено, така и замина: Последните денови ги помина правејќи го она што најмногу сакаше
Последните денови од животот покојниот актер ги помина на својот Дорќол каде живееше со ќерката Сунчица и со сопругата Милица.
Целото соседство има најубави зборови за покорниот Глоговац.
Го гледале насмеан и среќен, достоинствен каков што бил до последен ден.
-Секој ден и вечер шеташе со неа по стариот дел на Дорќол и Калемегдан. Си играа нон-стоп. Дури и ако пиеше кафе со пријателите во блиското кафуле, ја водеше со себе. Се смееше на секој нејзин изговорен збор. Ако побараше внимание се оставаше и одеше со неа да шета, си играа во паркот или на подот. Беше центар на неговиот свет, велат соседите на починатиот актер.
Велат дека знаел да одлута со мислите додека го пие утринското кафе но со зборови не ги искажувал своите стравови. Одел во продавница, одел и доаѓал во станот, како и месеци пред тоа. Својата болка ја носеше достоинствено, така и отиде.
небојша во последно време деновите ги помина многу нормално, дури и информацијата за неговата здравствена состојба да не стигнеше во медиумите, никој немаше да насети дека е болен. На неговото лице, во неговите движења и благата насмевка тоа не се приметуваше.
Глоговац е татко на веќе пораснатите синови Милош (17) и Гаврил (20), од првиот брак со Мина Глоговац.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“