Почна главната расправа за нападот врз пратеникот Села

Во Кривичниот суд денеска почна главната расправа од судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
На денешното рочиште изјави даваат сведоци, а се презентираат и докази и искази на вешти лица.
Абедин Абдулаи, адвокат на Села, рече дека очекува тој да се појави на денешната главна расправа.
Главната расправа почна од почеток затоа што има измени во составот на судечки совет.
Судењето се снима тонски и визуелно со две камери.
Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски - Кобра.
На претходното рочиште што се одржа на 26 јануари сите десетмина обвинети за обид за убиство на Села се изјаснија за невини. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но оти не се чувствуваат виновни и дека тоа ќе го докажат во натамошната постапка.
Тогаш, адвокатот на Села најави дека ќе бара отштета за материјална и нематеријална штета.
Претставникот на Јавното обвинителство во воведното обраќање рече дека во овој предмет се суди само за еден аспект од настаните во Собранието на 27 април што можел да резултира со убиство на пратеникот Зијадин Села. Целокупната криминална содржина на настаните во Собранието, според обвинтелството, не се исцрпува со дејството што е предмет на ова обвинение. Според обвинителството, единствена околност што го спасила Села не било колебањето на обвинетите, туку тоа што тој веќе не давал знаци на живот.
За настаните во Собранието веќе се изречени судски пресуди за два предмета. Во првиот, девет лица учесници во насилства добија условни казни, а во вториот случај Панче Ангелов, напаѓачот на Радмила Шекеринска доби казна затвор од четири години.
Во тек е истражна постапка и за предметот што го отвори Јавното обвинителство за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за што се осомничени 36 лица.
Ново на Сител
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
-

На таткото на Вања ќе му се суди повторно, потврдени доживотните казни за Палевски и тројцата соучесници
-

Прилепчанка измамена за 700.000 денари преку Фејсбук, мислела дека помага за лекување на болно дете
-

Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат
-

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена
-

Сопругата го намамила а сопругот го убил со 9 убоди од нож, расветлено убиството на докторот Ацо Трповски
-

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
-

Два случаи на семејно насилство во Штип
