Фудбал
15. October 2015 - 22:04

Членките на УЕФА му изразија поддршка на Платини

Во седиштето на УЕФА, Нион се одржа итен состанок на кој сите земји, членки на европската организација му изразија поддршка на претседателот Мишел Платини. 

Етичката комисија во ФИФА му изрече условна суспенција на Платини откако беше обелоденето дека примил 2 милиони франци од ФИФА за што е поведено истрага во швајцарските судови. 
Платини изјави дека ќе докаже дека е невин и на време ќе ја тргне суспензијата за да може да се кандидира за претседател на ФИФА на изборното собрание на 26.февруари.