Агенцијата “Фич” го подобри изгледот на Македонија во позитивен, со потврда на кредитниот рејтинг ББ
Агенцијата “Фич” соопшти дека го подобри изгледот на Македонија од негативен во позитивен, истовремено потврдувајќи го кредитниот рејтинг ББ.
На подобрувањето на изгледот влијаеше политичката стабилизација и подобрувањето на клучните меѓународни односи, а особено се нотирани напредокот на „Планот 3-6-9„ на Владата, резултатот на локалните избори како потврда на мандатот за реформи, како и активноста на СЈО околу прислушуваните разговори. Понатаму Фич наведува дека дипломатските сигнали околу решавањето на спорот со името се позитивни и дека Македонија очекува позитивна препорака од Европската Комисија и почеток на преговорите во текот на 2018 година.
Ревизијата на изгледот на позитивен, исто така, ги одразува оценките дека буџетскиот дефицит во 2017 изнесува 2,7 проценти од БДП, наспроти предвидениот дефицит со ребалансот од 2,9 проценти. Притоа, се истакнува зајакнатата доверба во посветеноста на Владата кон фискалните таргети, како и плановите за постепено намалување на дефицитот на 2 отсто на среден рок. Според оценките на Фич, во 2017 година, државниот долг изнесува 39,2 отсто од БДП а јавниот долг изнесува 47,4 отсто од БДП, што претставува прво годишно намалување на јавниот долг, после континуираниот деветгодишен раст од 23 проценти од БДП во 2008 година.
На потврдата на рејтингот ББ влијаелооддржувањето на ниска инфлација и финансиска стабилност, поддржани од кредибилна и кохерентна макроекономска и финансиска политика, конзистентна со долготрајниот фиксен девизен курс. Фич оценува дека растот на БДП во 2017 година изнесува 0,5 отсто, при висок раст во последниот квартал на годината како одраз на закрепнувањето на индустриското производство, извозот и кредитирањето. Понатаму, се очекува дека растот на БДП ќе забрза на 3,1 отсто во 2018 и 3,3 отсто во 2019 година, како резултат на позитивните ефекти на политичката ситуација врз економските очекувања и економската активност.
Фич наведува дека врз подобрување на рејтингот може да влијаат подобрувањето на стандардите на владеењето и понатамошното намалување на политичката неизвесност, како и имплементацијата на кредибилна среднорочна фискална консолидација, конзистентна со стабилизација на учеството на јавниот долг во БДП. Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијаат повторувањето на политичката нестабилност, фискалната недисциплина или потенцијалните обврски, како и проширувањето на дефицитот на тековната сметка.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ го напушти Професионалниот сојуз на тенисери
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „многу силно погоден“ ако бидат убиени уште демонстранти
-

Мицкоски на промоција на дел од опремата за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион
-

Американски медиуми: Мадуро попладнево се очекува да се појави во судот во Њујорк
-

Алиу и Тошковски ќе информираат за опасностите од употреба на пиротехника
-

Седум продолжени викенди за сите граѓани во 2026 година
-

Трамп ѝ се закани и на „многу болната“ Колумбија по американскиот напад врз Венецуела
-

Денеска е Свети Наум Охридски - Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ
