-->
-->
Лек кој го уништува ракот ќе почне да се тестира на луѓе
-->
Според „The Week“, се подготвува тестирање на лекот на луѓе бидејќи тестирањето на глувци, според истражувачите, минало „неверојатно добро“. Деведесет проценти од третираните животни биле излечени само по една инјекција, а останатите по уште една. Лекот дејствувал дури и кај глувци кај кои ракот се проширил по целото тело.Научен тим од Универзитетот Стенфорд, развил лек за рак, за кој тврди дека само со една инјекција во туморот стимулира имунолошка реакција на организмот која ги напаѓа и сите други тумори кои можеби метастазирале во телото.
Ова значи дека лекот може да биде надеж, па дури и повеќе од тоа, за пациентите со поодмината фаза на рак, чии шанси за лекување во денешни услови се сметаат за минимални.
Според „The Week“, се подготвува тестирање на лекот на луѓе бидејќи тестирањето на глувци, според истражувачите, минало „неверојатно добро“. Деведесет проценти од третираните животни биле излечени само по една инјекција, а останатите по уште една. Лекот дејствувал дури и кај глувци кај кои ракот се проширил по целото тело.
Бидејќи една доза на лекот се чини дека е доволна, истражувачите тврдат дека ќе биде ефикасен и што е уште поважно, дека веројатно нема да има несакани ефекти по организмот какви што предизвикуваат другите медоти за лекување на рак.
Истражувањето во врска со овој неверојатен лек беше објавено во научното списание, Science Translational Medicine. Иако оваа терапија се нарекува вакцина против рак, разликата во однос на вакцината против грип и другите инфекции е дека оваа вакцина се дава на луѓе кои се веќе заболени, а не како превентивна мерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
