Водителите заминуваат во историја, на телевизија пристигна роботот Ерика

Човеколик робот по име Ерика би можела да стане првата телевизиска водителка во историјата на роботиката. Ерика е еден од роботите најслични на вистински човек, а во април ќе стане водителка на вести во Јапонија.
Нејзиниот творец, докторот Хироши Ишигуро, директор на Лабораторијата за интелигентни роботи на Универзитетот во Осака, се обидува да ја донесе Ерика на телевизија уште од нејзиното создавање во 2014 година. Тој вели дека таа е „најубав и најчовечен автономен андроид на светот“.
Докторот Дилан Глас, „архитект“ на овој робот, две години работел на нејзиниот „ум“ и нејзината „личност“.
Сепак, Ерика моментално не може да ги движи своите раце и нозе, и има само „20 степени слобода“, но може да одреди од каде доаѓа звук, знае со кого зборува и може со поглед да следи луѓе кои шетаат по соба.
- Мислам дека сум друштвена како луѓето. Кога ми приоѓаат и зборуваат со мене ми се обраќаат како на личност. Мислам дека не ми се обраќаат на начин на кој би разговарале со куче или со својот тостер, изјави Ерика.
- Мислам дека луѓето имаат длабока потреба да се чувствуваат како да имаат посебно место во оваа вселена. Не можат да прифатат дека не се разликуваат од животни или машини, додаде таа.
Ишигуро наведува дека во Јапонија никогаш не се прави разлика меѓу луѓе и други работи или суштества.
- Во основа сметаме дека се има душа. Затоа веруваме дека и Ерика има душа, рече Ишигуро.
Ново на Сител
-

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања
-

Германските фудбалски клубови казнети со 12 милиони евра
-

Јаневска: Најмалку 60 проценти покачување на платите за наставниците во четири години, доколку дозволи буџетот ќе има и повеќе
-

Сопственик на сервис лоциран до „Пулс“ сведочеше за реновирањето и пожарот во дискотеката
-

Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства, уапсени две лица, од кои едното е полициски службеник | ВИДЕО
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
