Македонија
31. January 2018 - 16:35

Пијан полицаец ја тепал сопругата додека не паднала во бесознание

Триесет и едногодишната Н.Т. од Куманово вчера преживеала вистински хорор откако по семејна расправија, нејзиниот сопруг физички ја нападнал, по што истата паднала во бессознание.

Напаѓачот В.Т. инаку бил полициски службеник вработен во Секторот за внатрешни работи Куманово, кој вечравечер во алкохолозирана состојба го нападнал и претепал својот брачен другар.

Откако настанот бил пријавен во полиција, кумановецот В.Т. бил лишен од слобода, а му биле одземени и службениот пиштол со две рамки и 30 куршуми, велат од Министерството за внатрешни работи.

За настанот веднаш бил запознаен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР кои ќе го истражат случајот.

Бројот на жртви на семејно насилство во Куманово кои се охрабруваат да пријават во полиција бележи тренд на зголемување. Жрвтите повеќе не молчат, па така според статистиката на СВР Куманово, минатата година вкупно 59 лица помош побарале кај надлежните институции. Од вкупниот број кривични дела на семејно насилство, жртвите се жени кои завршиле со телесни повреди.

Во глобални рамки според статистиката на УНДП секоја трета жена е жртва на некој вид семејно насилство.