Ин мемориам: Почина балетскиот првенец Марин Црвенов

Во седумдесеттата година од животот почина балетскиот превенец Марин Црвенов (1945-2015), соопшти Македонската опера и балет. Црвенов бил првенец и кореограф во Балетот на МОБ од 1961 година се до неговото пензионирање и шеф на Балетот од 1977 до 1979 година.
Ги има одиграно скоро сите главни улоги во балетските претстави од репертоарот на Македонската опера и балет, а меѓу позначајните се: Ромео и Парис во „Ромео и Јулија“, Базил во „Дон Кихот“, Принц Алберт во „Жизел“, Ферхад во „Легенда за љубовта“, Лабин во „Лабин и Дојрана“, Гиреј во „Бахчисарајска фонтана“, Принц Зигфрид во „Лебедово езеро“, Жан де Бриен во „Рајмонда“, Баханал во „Валпургиска ноќ“...
- Бил кореограф на балетите „Снегулки“, „Адаџо“ од Албињони, „Тоа е човек“ и кореографирал во претстави од оперската и драмската сцена. Црвенов е добитник на Државната награда „11 Октомври“ и на наградата „Национален уметник“ на Македонија, информира МОБ.
Македонската опера и балет утре, 16 октомври, 2015, со почеток во 11 часот ќе одржи комеморација за Марин Црвенов.
Посмртните останки на Црвенов ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта „Бутел“ од 12.30 часот, а погребот ќе се изврши во 13.30 часот.
Ново на Сител
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
-

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
