-->
-->
Заев: Опозицијата да биде разумна и да не го блокира Собранието во реформските процеси
-->
Премиерот Зоран Заев очекува дебатата за законот за јазиците да се води на координација меѓу партиите кај претседателот на Собранието Талат Џафери, а опозицијата да покаже разум за да не дојде да блокада на реформските процеси.– Јас сум Зоран Заев кој водеше борба за слобода и демократрија. Демократријата е императив. Секако поднесувањето на амандмани е право на опозицијата кое треба да се почитува, но тука е обврската дека со таквото право се блокира Собранието. Јас сум загрижен за реформските процеси и како ќе одат законите што се важни од планот 3-6-9 – рече Заев.
Тој истакна дека Македонија е пред позитивна клима со можност за почнување на преговорите за членство во ЕУ, кое како што рече, се надева треба да биде во јуни.
– Ако ги заглавиме реформите, нема да можеме да се движиме во овој правец. Верувам дека опозицијата ќе биде разумна и дека ќе се изнајде решение. Решение во рамките на законот за Собрание и деловникот – рече Заев./Мета
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп во четврток во Давос ќе ја потпише Повелбата на Одборот за мир во Газа
-

Затекнати 15 малолетници, од кои 11 пиеле алкохол на прослава во кумановско Доброшане
-

Четири лица завршиле на болница откако настанал проблем во системот за циркулација на вода на базен во Охрид
-

Приведен водач на навивачка група од Тетово, учествувал во тепачка и оштетил возило
-

Се бара куќен притвор за судијата со заѕидани 350.000 евра
-

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител
-

Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар
-

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар
