Момчето ја запросило кога имала 135 килограми, а таа одлучи да биде згодна невеста - еве го резултатот

Шантел Харбис и Марлон Пауел долго време биле во врска. На него не му пречело што таа имала дури 135 килограми, а таа се помирила со бројот кој вагата го покажува.
Но, фактот дека наскоро ќе биде невеста во неа разбуди желба за целосна трансформација.
- Со години пробував разни диети и никогаш не успеав да ослабам. На крајот се одлучив да посетам хирург кој ми го намали желудникот, истакна таа.

По операцијата, таа успеала да намали цели 50 килограми.
- Изгледав одлично и веќе не бев мрзелива и спора. Животот ми се подобри на секој план. По слабеењето сфатив дека со вишокот на килограми заминале и моите големи гради. Носев за пет броја помала долна облека. Сакав и тоа да го средам и одлучив пред да одам на олтар, да посетам пластичен хирург и да ставам силикони на градите, истакна Шантел.

За целосната трансформација која ја посакала и реализирала пред свадбата, таа потрошила околу 18.000 долари.


Ново на Сител
-

Третина од домаќинствата во земјава живеат во трисобен стан меѓу 51 и 70 метри квадратни, 71% се греат на цврсти горива, а 20% на струја
-

На цистерна со гас, со македонски регистарски таблички, избувнал пожар на патот Елбасан - Пеќин
-

Пренасочување на сообраќајот на делницата Прилеп- Битола по регионалниот пат Р1101
-

На новогодишната ноќ студено со ветер, ќе провејува снег
-

Пронајдени пиротехнички средства, тутун и цигари без документација при претрес во неготинско Војшанци
-

Засилени контроли на АХВ: 60 казни и уништени над 600 килограми небезбедна храна
-

Кривична за сопственикот на „Јужна пруга“, ја отворил и работел иако инспекција ја затворила
-

Превртена цистерна на патот Струга - ГП „Ќафасан“, сообраќајот во прекин
