-->
-->
Брутална исповед на една невеста | Го фатив мажот ми среде свадба во акција со маж!
-->
Ова е приказна за една жена, која на денот на свадбата го фатила пијаниот маж како се бакнува со пријателот. Сето тоа ја загрижило и ја потресло, па не е сигурна дали треба да остане во брак со него.
“Тој мисли дека тоа не е ништо страшно и дека претерувам. Момчето со кој го видов беше неговиот стар пријател од факултет. Во тој момент делуваа пијано, врескаа, галамеа и се смееја. Се колне дека не е хомосексуалец, нивните пријатели, исто така, сметаат дека тоа било само шега и дека не е ништо сериозно, но за мене бакнежот ми изгледаше доста убедливо. Се држеа како вистински љубовници и беа вџашени кога ме видоа.
Само што се вративме од меден месец, кој беше вистински кошмар. Веднаш му кажав дека не сакам да спиеме заедно, па зедовме посебни кревети. Не се спротистави, ниту пак се обиде да ме допре. Јадевме во различно време и се заобиколувавме во собата. Вчера седна да разговара со мене и ми кажа дека мораме да му дадеме шанса на овој брак. Дали има смисла по сѐ?
Се плашам дека тој се согласил да се ожени со мене за да ги импресионира своите родителите. Тие се богати и очекуваат од него да го преземе семејниот бизнис.
Не сакам да бидам искористена. Тука се и моите драги родители кои вложиле сѐ што имаат за мојата свадба. Тие не знаат ништо за ова и затоа чувствувам грижа на совест, бидејќи излегува дека залудно потрошиле пари.”
Оваа девојка дури побарала помош и од експерт, а советот кој го добила го споделила со луѓето.
Што мислите, дали експертот е во право?
Еве што ѝ кажал:
“Запомни дека твоите родители те сакаат. Тие би биле ужаснати од фактот дека не си среќна и дека страдаш. Можеби потрошиле многу пари на венчавката, но што се парите во споредба со твојата моментална ситуација? Објасни им што се случило, и ако ти биде полесно, понуди им да ги вратиш парите.
Она што не смееш да направиш е да останеш во лажен брак со маж, кој не е чесен со тебе. Не знам што се случува во неговата глава и што чувствува во неговото срце. Не си слепа, па знаеш што си видела и тоа не е оптичка лага. Многу е мизено ако одлучил да се ожени само за да ги задоволи своите родители и да ја оправда сопствената слика во јавноста, бидејќи нема да биде среќен во таков брак.
Разговарај со него и со твоите родители. Што и да се случи, не му дозволувај да те злоупотребува, уценува или убедува, дека ти прави услуга со овој брак, бидејќи заслужуваш многу повеќе од тоа.”
Што би ја советувале вие?
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања