Убиецот на Аркан исчезна во Јужна Африка: На Добросав Гавриќ му се губи секоја трага?
Добросав Гавриќ, осуден на 35 години затвор поради убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан исчезнал во Јужна Африка. Гавриќ со години ја избегнуваше екстрадицијата во Србија каде го чека затвор, требало вчера да се појави на суд во Кејптаун каде се води постапка против него. Тој вчера не се појавил на сослушувањето, а што се случило со бегалецот од Србија никој ништо не може со сигурност да тврди.
Гавриќ повеќе години е во бегство од правосудните органи на Србија. Во Јужна Арфика е уапсен поради убиство на мафијашкиот бос Сирил Бек, чиј возач бил. Иако користел лажен индентитет на име Саша Ковачевиќ, Гавриќ е идентификуван, но барал азил во таа земја, поради што не е испорачан.
- Гавриќ е во притвор од апсењето. Повеќе пати бараше да му се одреди кауција за да се брани од слобода, но барањата му биле одбиени. Вчера требаше да биде доведен на суд на сослушување, но поради тоа што изостанал случајот е одложен до крајот на јануари - пишува јужноафриканскиот портал News24.
На него му се суди и за фалсификување на документи, а одлуката на екстрадиција во Србија е неизвесна.
Иако Гавриќ веќе шест години е во притвор, се пишувало дека тој е пуштен на домашен притвор. Исто така бил една година во самица поради страв од освета за убиството на Аркан кое се случило на 15. јануари 2000. година во Интерконтинентал.
Гавриќ со сопругата Даниела Лукиќ и двете ќерки живеел во луксузен апартман во Кејптаун. По неговото апсење тие поради безбедност се преселиле на тајна локација.
Ново на Сител
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија