Трамп за изјавата за Африканците: Го реков тоа што многумина го мислат, а не смеат да го кажат

Извор од Белата куќа тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп во врска со неговата навредлива изјава за африканските и некои централноамерикански држави, оценил дека „едноставно го рекол тоа што многумина го мислат, а не смеат да го кажат на глас“.
Истиот извор изјавил дека ваквиот став Трамп го искажал на средба со најблиските соработници, на која се расправало за последиците од неговата изјава дека африканските земји, како и Хаити и Салвадор се „ср..е држави“ (Shithole countries).
Според изворот, Трамп рекол дека не жали за тоа што го кажал и ги обвинил медиумите дека ги извртуваат неговите зборови.
Како што објави вчера „Вашингтон пост“, на состанок со конгресмени во Белата куќа, на кој бил претставен компромисот за младите имигранти (ДАКА), Трамп прашал „Зошто сите тие лица од ср..е држави доаѓаат овде? (Why are we having all these people from shithole countries come here?)“.
Според неименувани извори, Трамп алудирал на африканските држави, како и на Хаити и Салвадор, објаснувајќи дека САД би требало да примаат државјани од Норвешка со чија премиерка имаше состанок еден ден претходно.
Трамп вчера негираше дека изрекол навреди. – Речникот што го користев на состанокот за ДАКА беше остар, но не ги употребив тие зборови, напиша Трамп на Твитер.
Лидерите на неговата Републиканска партија се воздржаа од коментари на изјавата, со исклучок на претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, кој речникот на Трамп го оцени како „многу локален“.
Ново на Сител
-

Портокалова фаза утре, температури до 40 степени
-

Андоновски: Националниот дата центар ќе биде со мала инсталирана моќност и ќе служи исклучиво за потребите на државата
-

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати
-

Системот ЕЕС прави метеж и доцнења на летовите: Аеродромите принудени повремено да ги исклучуваат контролите
-

Град Скопје: Почна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје - подната фонтана повторно ќе блесне
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
