Живот
11. January 2018 - 16:34

Француски велосипедист реши да се пензионира на 106 години

Францускиот велосипедист Робер Маршанд, на возраст од 106 години, реши да се повлече од спортот. Веста за пензионирањето на Маршанд ја објави неговиот пријател и сосед.

Големиот вљубеник во велосипедизмот лани, за речиси еден час мина респектабилни 22,528 километри, а тоа се води како светски рекорд за натпреварувачи повозрасни од 105 години.

Маршанд никогаш професионално не се занимавал со велосипедизам, но како аматер и рекреативец - повеќе од 90 години.