Loading Video...
Ракомет
10. January 2018 - 14:10

Селекторот Гонзалез го објави списокот на патници за Загреб

 
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, утрово го објави конечниот список од 19 ракометари, на кои ќе смета на претстојното Европското првенство во Хрватска.
 
 
Гонзалез реши на ЕП да настапи со проверени сили, односно без ниту една промена од претходниот избор кога од тимот беа изоставени младите, Томовски и Крстевски. 
 
Боите на Македонија на  ЕП Хрватска ќе ги бранат: 
 
Голмани:  Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски
 
Бекови:  Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски
 
Крила:  Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески
 
Кружни напаѓачи:  Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски
 
Одбрана: Аце Јоновски, Велко Марковски
 
Утре изутрина нашата делегација заминува за Загреб, каде на 13 јануари ќе го одигра првиот натпревар од ц  групата против селекцијата на Словенија. 
 
Во нашата група на Европското првенство се уште и селекциите на Црна Гора и Германија, со кои се среќаваме на 15 и 17 јануари.