Македонија
8. January 2018 - 16:45

Втор ден Божик - сочувствување со божјата мајка

Денеска е втор ден Божиќ, ден кога христијанската Црква и оддава слава на Пресветата Божја Мајка. По тој повод во црквата “Рожденство на Пресвета Богородица” во Скопје, утрово се одржа Архиерејска Златоустова литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан.

Доколку постојано го носиме бога во нашите срца ќе можеме да ги браниме мирот, правдата, слободата и почитта кон човекот како икона божја, и само така ќе успееме да се удостоиме како христијани, порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан на утринската литургија.

Во обраќањето кон верниците беше соопштено дека во годината кој што претстои, МПЦ ќе ја прослави 60 годишнината од обновата на славната охридска столица, и изборот на упокоениот Доситеј за поглавар на Охридската и Македонската Архиепископија. 

Вчера во истата црква, по повод празникот Христовото Раѓање – Божик, хорот „Св. Злата Мегленска“ го одржа традиционалниот хуманитарен концерт „Божик - слава“.