Нова истрага за семејството Клинтон
Министерството за правда на САД повторно почна истрага за Фондацијата на семејството Клинтон, со цел открие дали таа добивала пари од спонзори во замена за политички услуги или извршувала други незаконски активности во периодот кога Хилари Клинтон беше државен секретар на САД, пишува „Хил“, повикувајќи се на извори од судските власти.
Агенти на Федералното истражно биро (ФБИ) ја почнале истрагата од Литл Рок, местото од каде започна политичката кариера на Бил и Хилари Клинтон, и каде беше основана нивната фондација.
ФБИ се обидува да дознае дали Бил и Хилари Клинтон ветувале и правеле политички отстапки во замена за хуманитарни работи и дали донаторите на Фондацијата ветувале дека ќе дадат пари за неа во замена за постигнување на определени владини цели.
Исто така, со истрагата треба да се утврди дали средствата на Фондацијата биле префрлани на лични сметки и дали биле користени во лични цели.
Ново на Сител
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата