Бизнис
4. January 2018 - 11:02

Невообичаено топлото време добредојдено за есенските култури

Невообичаено високите температури за овој период од годината, не само што нема да се одразат негативно врз есенските посеви, туку се и добредојдени за нивен развој, велат агрометеоролозите.

Според Ангелко Ангелески од УХМР, раните есенски култури издржуваат и пониски температури во зимски услови. Никаков проблем немаат ниту овошките и виновата лоза, а има и доволно влага во почвата. 

- Поради фактот дека немаше екстремно ниски температури, ваквото време овозможува развој на есенските посеви кои се уште се во рана фаза на развој. Овошките и виновата лоза исто така немаат никаков проблем. Напротив, ваквото време овозможува нормална работа на отворено, во поле. Во централна Македонија праската веќе се крои на големо, изјави Ангелески.

Ново на Сител