Советот на јавни обвинители треба да го избере тимот на Јанева
Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да се изјасни за избор на тимот помошници што ги предложи специјалната обвинителка Катица Јанева.
Специјалната обвинителка предложи 14 кандидати за нејзини помошници, од кои повеќето се од Скопје, Куманово и Тетово, а еден е од Обвинителството за организиран криминал.
На списокот се јавните обвинители Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Артан Ајро, Бајрам Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јакимовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Љубомир Лапе, Маре Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стефчо Дончев и Трајче Пеливанов.
Јанева минатата недела ги достави документите кои ги побара Советот на јавни обвинители за да ги избере нејзините помошници. Станува збор за општиот работен, персонален и финансов план, соопшти денеска Канцеларијата на Јанева.
- Таа во дописот до Советот на јавни обвинители и до медимите изрази уверување дека „Советот ќе пристапи кон доследна примена на законските одредби и кон имплементација на доставените планови, а во смисла на член 9 став 2 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ќе ги избере кандидатите кои Специјалниот јавен обвинител ги предложил од редот на постојните обвинители“.
Специјалната јавна обвинителка и тимот, според договорот од Пржино, ќе ги разгледуваат предметите кои ќе произлезат од и се поврзани со незаконското прислушување.
Ново на Сител
-
УКРО: Сите пациенти добиваат терапија, достапни се лековите за третман на онколошки заболувања
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново