Могерини: За Балканот 2018 е клучна година
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност во Европската унија Федерика Могерини, истакна синоќа дека 2018 година ќе биде клучна година за Балканот со цел евопската интеграција и реформите да се направат неповратни.
Таа на нејзиниот блог наведе 12 посебни моменти кои ја обележале нејзината 2017 година, кои, посочи Могерини, сака да ги понесе со себе и во Новата година.
- Ова не беше лесна година за Балканот. Посетив шест главни градови во регионот во некои од најтешките моменти - во некои случаи, моменти на длабока политичка криза, напиша високата претставничка за надворешна политика и безбедност во ЕУ.
Таа наведе дека, денес благодарение на важните одлуки и големиот труд повеќето од кризите се решени.
- Патот кон реформите повторно започна (иако се уште има многу работа), а компасот на европските интеграции го покажува тој пат, напиша Могерини.
Таа додаде, дека „2018 година ќе биде клучна година, за овој пат да се зацврсти и да се направи неповратен“. Тоа би било важен резултат, не само за регионот, туку и за цела Европа.
- Беше ова тешка година за светот, но како и сите други години и 2017 години ни донесе и добри моменти и некои добри работи - работи кои ги постигнавме со голема посветеност, енергија и голема тимска работа, напиша Могерини.
Таа. меѓу моментите кои ја одбележале минатата година, ги истакна одбележувањето на 60-годишнината од ЕУ, создавањето на европската одбрана, соработката со земјите од Африка за миграцијата, Самитот на Источните партнерства, поддршката на ЕУ за нуклеарниот договор со Иран, Конференцијата за иднината на Сирија, и друго.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата