-->
-->
Поранешен ракометен репрезентативец доживеа тешка сообраќајка во Скопје
-->
Милан Левов, поранешен македонски ракометен репрезентативец утринава имал сообраќајна несреќа и е задржан во Клиничкиот центар во Скопје на интензивна нега, на дополнителни испитувања, објавви „24ракомет“.Поранешниот играч на Вардар и Металург возејќи го својот автомобил излетал од патот и се здобил со повреди. За среќа нема сериозни повреди, но поради тоа што има и хематом на главата мора да се направат дополнителни испитувања и компјутерска томографија на мозокот. Сместен е на одделот за интензивна нега.
Левов кариерата ја почна во ВВ Тиквеш, играше за Вардар и Металург, беше член на Охрид, Работнички и Радовиш, а интернационалната кариера ја градеше и во Саудиска Арабија.
Своевремено беше најскапиот македонски ракометар што направил трансфер од една во друга македонска екипа, од ВВ Тиквеш во Металург за што тимот од Автокоманда плати 30.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
-

Македонската навивачка Фаланга го одбележа празникот Водици и традиционалното скокање по крстот во Архус | ВИДЕО
-

Васко Дрвошанов и годинава го фати светиот крст во Струмица
