Јадран филм:Ревизијата потврдува наменско трошење на средствата за серијата „Македонија“
Јадран филм во врска со пријавата од Управата за финансиска полиција во соопштение до јавноста наведува дека Агенцијата за филм на Управата за финансиска полиција дала погрешни и лажни податоци.
- Агенцијата не го пресметала вкупниот износ за продукцијата на серијата туку износот од 80 отсто од средствата намален за средствата кои се одземени од сметката на Јадран филм врз основа на незаконита одлука на в.д. директорот, па истата вака фалширани податоци ги дала на Финансиската полиција па со проста математика пресметала дека тоа е 65 отсто од средствата потрошени надвор од Македонија, што е сосема погрешна манипулација од страна на Агенцијата спротивно на Ревизискиот извештај и се оваа злоупотреба на факти се гледа на прв поглед, се наведува во соопштението.
Оттаму додаваат дека ревизијата потврдува наменско трошење и оти за секој денар постои договор и не постои ниту еден единствен начин на ненаменско трошење на средствата.
- Службената ревизија јасно го потврдува дека сите средства се трошени наменски и се потрошени за продукција на серијата. Со измами се служи само и единствено Горјан Тозија, наведуваат во соопштението.
Појаснуваат дека презентирање потполно лажни бројки поврзани со трошок на средства за снимање во странство – согласно договорот и законот – дозволено е да се потрошат 35 отсто од средствата во странство и тоа во потполност е испочитувано што, како што стои во соопштението, го потврдува и ревизорскиот извештај.
Според нив се работи за намерен фалсификат, а не за заблуда или незнаење.
- Кампањата спроведена од страна на уценувачот Горјан Тозија во соработка со група новинари со лажни тези и обид за притисок врз официјалните тела на РМ ги преминува сите граници гледано во светски рамки и резултира со подигање на кривична пријава од страна на Управата за финансиска полиција, наведуваат од Јадран филм.
Јадран Филм, како што се посочува, на 25.09.2017 година понуди двојна финансиска гаранција за секој потрошен денар за серијата (лични средства на сопственикот на Јадран филм и средства на компанијата), која ја достави до Агенцијата за филм со што оваа пријава станува беспредметна и груба игра на Горјан Тозија која служи само да ја замајува јавноста и да се обиде да го скрие својот рекетарски однос кон Јадран филм.
Од Јадран филм наведуваат дека освен до сега видените делови од серијата, јасната вистина дека ја работат ТВ серијата Македонија можат да ја потврдат стотици соработници на неа.
Серијата, повторувам, ќе има најголем број на гледачи во светот кога станува збор за серија од овие простори.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа