Снег во Маврово, за празниците престои убаво време
Снежна покривка до изутрина (во см.): 3 Маврово.
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Скопје-Петровец, Претор, Штип, 2 Охрид, Ѓуриште, 3 Виница, Дебар, Струмица, Гевгелија, Скопје, 4 Куманово, 5 Берово, 6 Дојран, Кр. Паланка, 7 Пожаране, 9 Лазарополе, 11 Тетово, 12 Маврово, 13 Крушево.
Времето денес (29.12 2017 год.): Променливо облачно, во западните и северните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Од пладне врнежите ќе се преместуваат кон исток. Попладне слаб снег ќе провејува и на повисоките места, особено на север. Ќе дува слаб променлив ветер, а попладне повремено умерен од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје температура до 9 °C.

За време на викендот, како и за време на Новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно и суво. Утре ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Во недела и понеделник ветерот ќе биде слаб и ќе се менува кон јужен.
Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег.

Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки