Ветер од 80 километри на час во Штип и Тополчани
Во Македонија утринава е претежно облачно со локален дожд во западните делови и дува умерен на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Во Штип и во Тополчани ветерот достигнува брзина од 80 километри на час.
До седум часот наврнале два литра на метар квадратен дожд во Лазарополе и еден литар на метар квадратен во Маврово и Тетово.
Температурите утринава се над нулата во сите градови низ државата.
Под влијание на влажен бран денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. До крајот на денот врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата, а поинтензивни ќе бидат во западните подрачја, каде локално ќе наврнат околу 20 л/м2. Ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе се движи од 6 до 12 степени.
Во Скопје слично време со максимална температура до 9 степени.
Според УХРМ, утре ќе има слаб локален дожд, а на планините и на некои повисоки места во западните делови ќе има слаб снег. Во деновите од викендот ќе биде стабилно и суво. Во сабота ќе дува умерен северен ветер, а во недела и понеделник по одделни котлини ќе има услови за магла. Во текот на новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно со температура во интервал од -4 до 3 степени
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
