Тачи: Формирањето на Специјалниот суд за Косово е историска неправда
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека на иницијативата на група пратеници од владејачката коалиција за расформирање на Специјалниот суд за воени злосторства за Косово треба да се гледа како на алтернатива на правдата, а не како на бегање од правдата.
Косово формираше Суд кој треба да води процеси против командантите на Ослободителната војска на Косово, а Тачи првично го поддржуваше неговото формирање, но изрази поддршка и за пратениците кои бараат негово укинување.
- Одлуката за формирање на Судот е на сила. Косовскиот Парламент ја усвои таа одлука. Но, постои и иницијативата на пратениците за негово укинување. Ништо на овој свет не е конечно, но одлуката останува на сила, изјави Тачи во интервју за Радио Слободна Европа.
Тачи беше командант на ОВК за време на конфликтот во Косово во 1999 година и можно е да се најде пред специјалниот суд, заедно со премиерот Рамуш Харадинај.
Опозицискиот Демократски сојуз на Косово и српските пратеници во Парламентот се спротиставија на барањето да се укине Судот.
Тачи изјави дека формирањето на Судот било неизбежно, бидејќи Приштина ќе се соочела со изолација од страна на неговите главни меѓународни партнери, доколку не го формирало, иако неговото создавање, според него, не е добро за Косово.
- И тогаш и денес сметам дека формирањето на судот е историска неправда, особено сега, по затворањето на Хашкиот трибунал. Зошто на Косово му треба нешто специјално, посебно? Ние не нападнавме некоја земја, ние не ја нападнавме Србија, туку Србија го окупираше Косово, а ние водевме одбранбена војна да го ослободиме народот на Косово, вели Тачи.
Тој дополнително го повика косовскиот Парламент да го ратификува договорот со Црна Гора за демаркација на границата, велејќи дека доколку тоа не се случи во јануари, Косово ќе се соочи со меѓународна изолација.
Тачи ги повика пратениците и да го одобрат формирањето на Заедница на српски општини, што е дел од договорот меѓу Србија и Косово за подобрување на меѓусебните односи.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата