Емилија Кларк проглсена за најсекси жена во годината

Британската актерка Емилија Кларк, кој се прослави со улогата на Денерис Таргариен во серијата „Игра на престолите“ е прогласена за најсекси жена на годината во изборот на списанието „Есквајр“.
Покрај улогата во популарната серија на Ејџ-Би-Оу, Кларк ја играше Сара Конор во летниот филмски хит „Терминатор: Суштество“.
- Таа може да биде силна, но и пријателски настроена, може да биде кралица, но и млада сестра, убиец или девојка од соседството, напиша Бенџамин Марковиц во текстот во „Есквајр“.
- Секси, но сепак вистинска. Тоа е преубавот баланс на Емилија Кларк, наведува Марковиц.
Уредничката на списанието, Лиза Хинтелман ја нарече Кларк „миленичка на сите“.
- Емилија Кларк е незаборавна во „Игра на престолите“ и беше сигурен избор како за нашето списание, така и за пријателите и семејството, наведе таа.
Кларк е родена во 1987 година во Лондон. Таа пораснала во Велика Британија и дипломирала на Катедрата за глума на познатиот лондонски Драмски центар.
Уште како 13-годишна девојка добила улога во британската телевизиска серија „Доктор“, по што, до крајот на школувањето, била посветена на театарски настапи.
По завршувањето на студиите ја добила првата филмска улога во научно-фантастичниот филм „Triassic Attack“.
Животот на актерката се промени откако ја доби улогата во „Игра на престолите“ во 2011 година. Сепак, во почетокот имала потешкотии затоа што во серијата има многу разголување, сцени со секс и силување. Актерката изјави дека поради тоа долго време страдала.
- Еднаш дури морав да земам кратка пауза. Реков дека морам да испијам чај, сепак морав да се исплачам пред следната сцена, раскажа Кларк за своето искуство при снимањето на серијата.
Ново на Сител
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
-

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина
-

„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда
-

Труп на човек пронајден во Вардар кај Демир Капија, телото на обдукција
-

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“
-

Јаневска: Од понеделник законот за високото образование ќе оди во владина процедура, сите контруктивни забелешки се или ќе бидат прифатени
-

Променливо облачно и потопло време до средината на следната седмица
-

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалимe aкцизитe зa дизeлoт зa 4, а на бензините за 2 денара по литар
