Македонија
27. December 2017 - 19:34

300.00 денари од Фондот за иновации за ученички проекти

Награден фонд од 300.000 денари е предвиден за најуспешните училишни тимови кои ќе се вклучат во проектот „Предизвик за млади истражувачи“, кој за прв пат го реализира Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Министерството за образование, а кој денеска беше презентиран во Прилеп.

Истражувачките трудови на учениците  треба да бидат од областите на природните и техничките науки.

Рокот за аплицирање со истражувачките трудови ќе трае до 15-ти февруари, по што специјално формираната  стручна Комисија од МО и од ФИТР ќе ги оценува.
 
Со овој проект опфатени се сите основни и средни училишта од земјава.