Ја има на секоја гума, а е многу важна: Што значи последната буква на ознаките на автомобилските пневматици?
Возачите веќе треба да ги имаат ставено зимските гуми на своите автомобили, но за оние кои допрва треба да ги купат, или пак имаат, но не знаат што значат ознаките на нив, ова е информација што е многу важна.
Сите гуми на страничната страна имаат бројки кои означуваат разни параметни за нејзините карактеристики, а најчесто, на крајот по овие цифри, стои една голема буква. Таа всушност ја означува „индекс брзината“ (speed rating), што е еден од најважните параметри кој треба да го имате во предвид при избор на пневматици.
Индексот брзина ја означува максиманлата брзина која гумата може да ја издржи при возење со дозволено оптеретување. Во случајот со буквата „V“, таа брзина е 240 километри на час. Колку е поголем овој индекс, толку гумите се поскапи бидејќи при прозиводство се користат посебни мешавини за да можат да издржат што поголема брзина. Максималните брзини со соодветните ознаки за нив може да ги погледнете на табелата подолу.
Ново на Сител
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!
-
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
-
Му кажале дека има 17.000 долари на сметка но за да ги подигне треба да внесе пари, 58-годишник измамен во Тетово
-
25-годишен радовишанец се обиде да ограби дом на 77-годишник