Продолжува судскиот процес за двојното убиство кај „Имепратор“ во Охрид

Пред Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи второто рочиште од судскиот процес за двојното убиство што минатата година се случи пред угостителскиот објект „Император“ во Охрид.
Главниот осомничен Бојан П. (31), жител на Охрид, на првото појавување пред Судот на 1 овој месец се изјасни невин по однос обвиненијата што го товарат дека ладнокрвно извршил двојно убиство и за неовластена употреба и чување на огнено оружје и распрскувачки материјали.
Второобвинетиот во случајот Ристе С. (31) кој се товари за помагање на сторител по извршено кривично дело, исто така на првото рочиште се изјасни за невин по однос на обвинението.
Главниот претрес по случајот денеска треба да продолжи со исказ на сведоци на настанот и изнесување докази.
Двојното убиство се случи на 22 август минатата година, во ресторанот на угостителскиот објект „Император“ на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, кога со огнено оружје смртно беа застрелани сопственикот на ресторанот Васил Ристески (56) и лицето Ромео Ѓузелоски (38), и двајцата жители на Охрид.
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
