-->
-->
Во МНТ премиера на мјузиклот „Мама миа!“
-->
Во Македонскиот народен театар почна премиерата на тричасовниот мјузикл „Мама миа!“ во режија на Наташа Поплавска, кој е копродукциски проект помеѓу МНТ и словенечката компанија „Проспот“.„Мама миа!“ е втор лиценциран мјузикл на Поплавска која пред две години во МНТ го постави и првиот лиценциран мјузикл „Чикаго“. Копродуцентот од Словенија, „Проспот“, е застапуван од Јуриј Франко, познат југословенски скијач од 1980-тите години, кој сега се занимава со продукција на мјузикли и театарски претстави. „Проспот“ ги има ексклузивните права за мјузиклот „Мама миа!“ во Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Македонија. Премиерата на мјузиклот првин беше во Белград, а потоа во Љубљана и Загреб.
- „Мама миа!“ е гигантски проект, кој има 30-ина луѓе кои ќе ги видите на сцена, но под сцената, зад сцена, зад гледалиштето и во гардеробите има уште по десетина кои публиката нема да ги види. Тука се и четворица шминкери и ако ги наброиме сите што се вклучени ќе дојдеме до повеќе од сто луѓе кои работат само за една изведба на „Мама миа!“. Среќна сум што ние имаме театар што знае да се справува со ваков гигант, изјави режисерката Поплавска.
„Мама миа!“ е весела приказна за тинејџерка (Софи Шеридан) во потрага по својот вистински татко на еден грчки остров, раскажана преку хитовите на шведската група АББА (музика на Бени Андерсон и Бјорн Улвеус) и по текст на Кетрин Џонсон. Препевот и преводот на текстот од англиски на македонски го направи Тина Трпкоска.
Носечката улога (Софи Шеридан) ја игра актерката Нина Деан, а нејзина алтернација е Јана Стојановска. Ликот на мајката (Дона Шеридан) го игра Биљана Драгичевиќ-Пројковска, во улогите на нејзините најдобри пријателки се актерките Арна Шијак и Тања Кочовска.
Тројцата потенцијални татковци Сем, Бил и Хари ги играат актерите Кире Ѓоревски (во алтернација со Висар Вишка), Трајче Ѓоргиев и Владимир Јачев, а Никола Наковски односно Петар Стојанов настапува во ликот на Скај, вереникот на Софи.
Покрај актерите, на сцената има танчари и хористи, како и бенд во живо. Диригент е Бисера Чадловска, кореограф Олга Панго, асистент на кореографија Ирена Лозинска, сценографијата е на Александар Дениќ, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска. Придружни вокали и инструкторки за пеење се Ана Костадиновска и Сара Николовска, корепетитори на Факултетот за музичка уметност.
По вечерашнава премиера во МНТ, „Мама миа!“ ќе има три репризи до крајот на годинава (26-ти, 28-ми и 29 декември). Следни термини се 12-ти,13-ти и 23 јануари 2018.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање
-

Четири лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
