-->
-->
Фејсбук и Инстаграм ги затворија профилите на Кадиров
-->
Американските социјални мрежи, Фејсбук и Инстаграм, ги затворија профилите на чеченскиот претседател Рамзан Кадиров.
Чеченскиот претседател пред да му бидат згаснати профилите имаше повеќе од три милиони следбеници на Инстаграм, а околу 760.000 на Фејсбук.
Тој е познат како страстен корисник на Инстаграм, добро познат по тоа што често споделува фотографии и вести за Чеченија и за неговото семејство.
Во средата, американското Министерство за финансии го стави Кадиров на листата на санкционирани лица под „Законот Магнитски“. Американските претставници го обвинија Кадиров дека ја „надгледувал администрацијата поврзана со исчезнувања и неоправдани убиства".
На листата на Магнитски има 49 државјани на Русија.
Претседател на руската Дума, Вјачеслав Володин рече дека со бришење на профилите, социјалните мрежи им го укинуваат правото на граѓаните да го слушнат мислењето на блогерите и комуникацијата со нив.
- Се плашат од јавни расправи и вистината. Таквите одлуки не може поинаку да се објаснат. Работата е во тоа што, за да читате објави на некој блогер, мора прво да го следите. Бришењето на профилите, го укинуваат правото на граѓаните да го знаат размислувањето на блогерите и да се комуницира со нив, вели Володин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата