-->
-->
Снег во Грција предизвика големи проблеми во сообраќајот
-->
Обилните врнежи снег предизвикаа големи проблеми во сообраќајот во Грција каде медиумите постојано објавуваат кои патишта се затворени за сообраќај или е неопходна зимска опрема за отежнато движење.Телевизијата ЕРТ јави дека на некои патишта се формирале километарски колони, во кои стотици автомобили биле блокирани од снегот.
Снег почна да врне вчера, кога илјадници Грци тргнаа на пат за Божиќ.
На автопатот Атина-Ламија се создала сообраќајна колона од 15 километри поради која патниците во автомобилите чекале и до осум часа. Сообраќајот бил нормализиран синоќа околу полноќ.
Во многу области во земјата постојано се објавуваат предупредувања возачите да стават синџири за снег, а полицијата забрани движење за тешки товарни возила на голем број патишта, главно во планинските области.
Поради силниот ветер, некои пристаништа се затворени. Грчка спасувачка екипа денеска спасила мал брод со 12 члена екипаж во близина на Миконос, кој бил зафатен од силната бура во областа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
