Опозицијата во Перу не собра доволно гласови за импичмнт претседателот Кучински

Конгресот на Перу не го одобри барањето за импичмент на претседателот Педро Пабло Кучински, кој е обвинет за земање мито од бразилска градежна компанија.
За отповикување на претседателот гласаа 79 пратеници на Конгресот, 19 беа против, а 21 воздржани. На опозицијата, која има мнозинство во Конгресот, и беа потребни две третини од гласовите за да го отповика Кучински.
Според обвинението, бразилската компанија „Одербрехт“ на фирма која е во сопственост на Кучински, од 2004 до 2007 година за консултантски услуги и исплатила 800.000 долари, а подоцна претседателот и помогнал да добие градежни работи во Перу вредни милијарди долари.
Кучински, кој е искусен брокер од Њујорк и беше министер за финансии на Перу пред да стане претседател, вели дека не бил директно ангажиран во зделките кои ги потпишувала неговата компанија и дека не влијаел на доделувањето на јавните проекти на „Одербрехт“.
Сите живи претседатели на Перу се или во затвор, во бегство или под истрага под обвиненија за корупција. Кеико Фуџимори, ќерката на еден од претседателите обвинети за корупција, е лидер на водечката опозициска партија Народна сила, која го предводеше барањето за импичмент за Кучински, но и таа самата се соочува со корупциски обвинувања во истиот случај.
Ново на Сител
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
-

Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје
-

Сончево со мала локална облачност до средината на следната седмица
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
