Балкан
21. December 2017 - 9:21

„Историски гробишта“ за грчките војници кои загинале на албанска територија

Албанија одлучи да им се даде статус на „историски“ на гробиштата на кои се погребани грчки војници кои загинале на албанска територија за време на грчко-италијанската војна од 1940 до 1941 година.

Одлуката на Владата во Тирана за овие гробишта е прв чекор кон спроведувањето на договорот со Грција за идентификација и реконструкција на остатоците на грчките војници кои загинале на албанска територија.

Албанската Влада издаде соопштение во кое се вели дека одлуката за гробиштата на грчките војници е донесена на вчерашна седница и оти e објавена во Службениот весник на земјата. Спроведувањето на одлуката е доверено на неколку институции.