Мјанмар: Откриена масовна гробница, одбиена соработка со ОН
Мјанмар и забрани на независната истражителка на ОН за човекови права, Јангхи Ли, да ја посети земјата додека трае нејзиниот мандат, во момент кога 10 тела се откриени во масовна гробница во државата Ракајн.
Јангхи Ли, специјалната известувачка на ОН, денеска изјави дека планира да го посети Мјанмар следниот месец година за да ја процени состојбата со човековите права низ целата земја, вклучувајќи ја и наводната злоупотреба на припадниците на муслиманското малцинство Рохинџи во државата Ракајн.
Меѓутоа, независната истражувачка на ОН за човекови права во Мјанмар, вели дека ѝ било кажано оти државата повеќе нема да соработува со неа.
- На оваа објава дека нема да има соработка додека ми трае мандатот може да се гледа само како на силно навестување дека нешто ужасно се случува во Ракајн, како и во остатокот од земјата, оцени Ли во соопштението.
Повикувајќи се на армијата на Мјанмар, медиуми јавуваат дека форезничари започнале истрага откако беа откриени 10 тела во масовна гробница во едно село во државата Ракајн, во која безбедносните сили на земјата спроведоа „брутална акција“ против членовите на муслиманското малцинство Рохиџи.
Локалните власти вчера соопштија дека ги прегледуваат 10-те неидентификувани тела пронајдени во понеделникот во близина на гробиштата во селото.
Повеќе од 630.000 Рохинџи побегнаа во Бангладеш откако безбедносните сили во соседен Мјанмар започнаа насилна акција против нив на 25 август. Ова е најголемата бегалска криза во Азија во последниве децении.
ОН и САД ја обвинија војската на Мјанмар за кршење на човековите права на Рохинџите во Ракајн, вклучувајќи убиства, силувања и палење на нивните куќи.
ОН го осудија насилството како етничко чистење.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа