Македонија
16. December 2017 - 16:40

Во Кривогаштани се одржа манифестацијата „Со ракатките и прегратките на тутунарите“

Со цел намалување на отпадот кој ја загадува животната средина по завршувањето на тутунските активности секоја сезона, како и подигање на свеста кај родителите и децата за зачувување на здравата животна средина преку повторното искористување и рециклирање на материјалите од типот на: ПВЦ-фолија/најлон, пластика и остатоци од конец и слично, беа целите на конкурсот за изработка на уметнички дела од рециклирачки материјали на тема „Со ракатките и прегратките на тутунарите“, кој што го реализираше општина Кривогаштани во соработка со МЦСМ.

Учениците настанот го започнаа со Рациновата „Тутуноберачите“, а најдобрите дела беа наградени и за нив општина Кривогаштани ќе организира промоција и изложба, со што ќе се збогати културната понуда на оваа исклучиво рурална општина.