Македонија
16. December 2017 - 15:01

Сообраќајка утрово на македонските улици - едно лице итно пренесено во болница

Утринава околу 06:30 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шкода“ , управувано од 26-годишниот А.С. од Тетово и патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 63-годишниот Ш.С. од Тетово.

Во незгодата со повреди се здобил Ш.С. Тој со друго возило бил пренесен во Клинички центар Тетово и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.