Бизнис
15. December 2017 - 20:22

ЕУ финансира проект за вклучување на Ромите на пазарот на труд

Во рамки на проектот *Одржливи модели за вработување на Ромите - Хабитат Македонија*, заедно со невладините организации ДРОМ од Куманово и *Креација* од Скопје, во Прилеп се одржа *Саемот за вработување и кариера*. Со овој проект на 20 прилепски Роми им беа врачени сертификати за завршени обуки за 4 градежни дејности.
 
Целта на овој проект, кој е финасиран од ЕУ е одржливо интегрирање  на пазарот на трудот на Ромите, но, и на другите социјално-ранливи категории граѓани кои подолг период немале вработување. Овој модел вклучува и тренинг како Ромите да бараат работа и како да преговараат со работодавачите.