„Велт“: Атина, Скопје и Белград ќе градат канал што ќе ја промени географијата на Балканот
Грција, Македонија и Србија сакаат да изградат пловен канал што ќе ја поврзува реката Дунав со Егејското и Средоземното Море, кој според грчкиот премиер Алексис Ципрас „би можел да ја промени географијата на Балканот“, наведува германскиот магазин „Велт“.
Весникот го оценува проектот како „сензационален" и истакнува дека се бараат инвеститори, кои ќе ги преземат високите трошоци за изградба на пловниот коридор чија цел е поврзување на реките Дунав, Морава и Вардар.
За грандиозниот проект, вреден 17 милијарди евра, јавува и германската новинарска мрежа Н-тв. Во обемната сторија, новинарската мрежа го опишува проектот како „амбициозен експеримент на политичарите на Балканот: Грци, Македонци и Срби, сакаат да изградат пловен канал што ќе го поврзува Дунав со Средиземното море“.
- Ветениот проект може засекогаш да го промени целиот регион, се наведува во анализата, со оценка дека тоа е „експеримент со историски димензии“, чија цел е да даде нов поттик за економската и трговската активност на регионот.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум изборачки места во петата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори
-
Ирански државни медиуми: Претседателот Раиси загина во хеликоптерска несреќа
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено