Вознемирувачко: Се роди бебе со срце надвор од градниот кош - за три недели живот имаше 3 операции

Мајката на Венелопе Хоуп очекувала да се породи пред Нова година. Меѓутоа лекарите на ултразвукот видоа дека со детето нешто не е во ред, па утврдиле дека срцето му расте надвор од градниот кош.
-Солзите сами тргнаа кога ми кажаа што открија. Нејзината состојба значеше бројни потенцијални проблеми, раскажува мајката Наоми и додава дека неа и на партнерот и рекле да ја прекине бременоста, зошто детето можело да се роди со бројни абнормалности, оштетено срци и веројатно не би живеело долго.
Сепак, Наоми и Дине не помислувале на прекинување на бременоста. Биле одлучни да ја истуркаат бременсота до крај, па што биде биде. За среќа за случајот на Наоми се заинтересирале многу лекари во Велика Британија, кои се обединиле за да го спасат животот на бебето.
Тим од 50 лекари кон крајот на ноември со царски рез ја породи Наоми, а потоа го оперираа и бебето. Лекарите од старт биле скептични и мислеле дека бебето ќе почине во текот на царскиот рез. Сепак малата Венелопе била вистински херој и успеала да ги преживее сите маки кои ја дочекале откако дојде на овој свет.
Венелопе за првите три седмици од својот живот помина низ три многу комплицирани операции, за да и се врати срцето таму каде треба да биде, во градниот кош.
Пред бебето е долг период на опоравување, а сега и лекарите веруваат дека со малечката ќе биде се во ред и дека ќе може да живее нормално како и сите други деца.
Ново на Сител
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
-

Променливо облачно, дожд и снег во југозападните делови од државата
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
