Меѓународен ден против корупција и за заштита на човекови права

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија организира одбележување на Меѓународниот ден против корупцијата и Меѓународниот ден на човековите права со настан насловен „Корупцијата како непосредна закана за човековите права“.
Целта е да се одбележат овие значајни датуми преку споделување на
мислењата за тековните случувања во однос на борбата против корупцијата и неказнивоста во Република Македонија, како и да биде потпишана декларација против корупција со којашто нејзините потписници ќе се заложат да се борат, да ги спречат и да ги казнат сите облици на корупција.
Како најстара организација за човековите права во Македонија, основана во 1994 година, Хелсиншкиот комитет за човекови права е посветен на исполнувањето на неговиот мандат за заштита и промоција на човековите права и слободи на национално ниво и обезбедување правда и обесштетување за сите оние поединци кои претрпеле какво било прекршување на нивните човекови права.
Хелсиншкиот комитет го организира овој настан за да ја покрене јавната свест за штетното влијание на корупцијата врз човековите права.
На настанот се поканети да присуствуваат сите значајни чинители во борбата против корупцијата, вклучувајќи ги претставниците на меѓународната заедница во Република Македонија, претставници на релевантните државни институции, како и на граѓанските организации.
Истовремено, на него ќе присуствуваат припадници на академската заедница, како и студенти од Правниот факултет.
Настанот претставува можност за да бидат изложени напорите направени од страна на државата, меѓународната заедница и граѓанските организации во борбата против корупцијата и воспоставувањето на целосно владеење на правото во Република Македонија, преку претставување на нивните гледишта и клучните предизвици со кои се соочува Република Македонија во оваа област.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
