Координативен состанок во Владата пред новиот циклус состаноци со медијаторот Нимиц
Премиерот Зоран Заев денеска одржа координативен состанок со амбасадорот Васко Наумовски пред почетокот на новиот циклус состаноци со медијаторот Метју Нимиц.
Како што информираат од владината прес-служба, на консултативната средба и координација за претстојните активности како дел од новиот циклус разговори поврзани со проблемот што го има Република Грција со нашето уставно име со специјалниот пратеник во разговорите, кои под покровителство на Обединетите нации се водат за разликите околу името на нашата држава присуствувале и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
- На оваа средба е констатирано дека за средбите на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Наумовски и Василакис, кои се закажани да отпочнат на 11 декември, е постигната позитивна клима и во Република Македонија и во Република Грција, соопшти Владата.
Во разговорот на оваа средба меѓу премиерот Заев, вицепремиерот Османи, министерот Димитров и амбасадорот Наумовски, се додава во соопштението е оценето дека за решавањето на оваа прашање од особена важност се инклузивноста, како и потребата од кохезивност во ставовите за ова прашање од врвен национален интерес за Република Македонија.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
